Македонија
4. April 2016 - 8:43

Попоски во Брисел на средба Даниелсон

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска во Брисел ќе има средби со претставници на Европската комисија, вклучително и со генералниот директор на директоратот за проширување во ЕК, Кристијан Даниелсон.

МНР соопшти дека на средбите ќе се разговара за европските интеграции на Република Македонија во контекст на Извештајот на ЕК, како и за предизвиците поврзани со мигрантската криза.