Попоски се сретна со белгиската амбасадорка во заминување Ван Калстер
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска на проштална средба ја прими амбасадорката на Кралството Белгија во РМ со седиште во Софија, Аник ван Калстер, која заминува од оваа функција.
Како што соопшти МНР, посакувајќи ѝ натамошен успех во кариерата, министерот Попоски го изрази задоволството од досегашниот личен ангажман и активен придонес на амбасадорот Ван Калстер во унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете држави, при што и врачи благодарница за нејзините напори за промовирање и унапредување на пријателството и соработката меѓу двете земји.
Попоски и амбасадорката Калстер разговарале за потенцијалот за зголемување на економската размена и промовирање на инвестиции и туризмот меѓу Република Македонија и Кралството Белгија.
Ново на Сител
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот