Македонија
20. May 2016 - 8:30

Попоски на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска на покана на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, ќе учествува на состанок на ниво на министри за надворешни работи во формат Северноатлантскиот совет и оперативните партнери во мисијата „Решителна поддршка“, што ќе се одржи во седиштето на Алијансата во Брисел.

На маргините на состанокот, во утринските часови Попоски ќе оствари билатерални средби со помошникот-државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, а потоа ќе се сретне на издвоени средби и со Франк-Валтер Штајнмаер (МНР на Германија), Мевљут Чавушоглу (МНР на Турција), Петер Сијарто (МНР на Унгарија), Никос Коѕијас (МНР на Грција) и со Даниел Митов (МНР на Бугарија).