Македонија
29. February 2016 - 8:20

Попоски на 31.сесија на Советот за човекови права на ОН

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Женева ќе учествува на 31-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации.

Во своето обраќање пред Советот за човекови права на ОН, информира Министерството за надворешни работи, Попоски ќе се осврне на главните прашања од агендата на Советот, позначајните предизвици на светско ниво поврзани со различни аспекти од сферата на човековите права, како и на прашања поврзани со самиот систем на ОН задолжен за промоција и заштита на човековите права.

Предвидено е Попоски да оствари и повеќе билатерални средби.