Македонија
8. October 2015 - 9:18

Попоски и Чавков на конференција „Источен Медитеран - Западен Балкан” за мигрантската рута во Луксембург

Министрите за надворешни и за внатрешни работи на Република Македонија, Никола Попоски и Митко Чавков, вечерва во Луксембург ќе присуствуваат на конференција за мигрантската рута „Источен Медитеран - Западен Балкан”, јавува дописникот на МИА од Луксембург.
 
Во организација на Советот за внатрешни работи на Европската унија, шефовите на полициите и на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ, заедно со нивните колеги од Западен Балкан, а предводени од Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, на оваа конференција се очекува да донесат декларација за блиска соработка на земјите низ кои транзитираат бегалците од Арапскиот свет.
 
Според најавите од Советот на Унијата, оваа конференција е на покана на луксембуршкиот министер за миграција и азил, како и на Могерини. Министрите за надворешни и внатрешни работи на ЕУ-земјите, Шенген-земјите, но и на Јордан, Либан, Турција, како и на земјите од Западниот Балкан, заедно со организации на Обединетите нации вклучени во активностите на терен и од програмата за светска храна, европските агенции Фронтекс, ИАСО и Европол ќе се адресираат на прашања во однос на целата рута на мигрантите како глобално прашање. Овој состанок ќе се одржи од 18 до 22 часот вечерва, по што ќе се донесе заедничка декларација за предизвиците со кои се соочува Европа на мигрантската рута, за иднината и да се осигураат.
 
Три клучни точки ќе бидат на маса за три дена во Луксембург, а тоа се адресирање и справување бегалците во однос на соседните земји на Сирија, а тоа се Турција, Либан и Јордан кои се на прваа линија (точка “А”). Потоа, транзитни земји (Западен Балкан) низ кои бегалците транзитираат во ЕУ (точка “Б”) и во однос на овие земји најавени се нови пари за хуманитарна помош, но и можност за останување на дел од бегалците на нивна територија. И трето (точка “Ц”), меѓународна заедницата да придонесе на политички план за решение на конфликтот во Сирија, но и напори за справување, како и финансиски напор за акомодирање на бегалците во земји што им се домаќини.
 
Инаку, Декларацијата што подоцна ќе се донесе има четири главни секции: воведна секција, анализа и принципи, разликата меѓу земјите кои повеќе од четири години се соочуваат со бегалци со тие кои се на транзициската рута и состојбата на ЕУ-земјите на пристигнување.
 
Целта на ЕУ е да се почитува меѓународното право и човековите права и потребата од меѓународна заштита на бегалците, како и тие кои не уживаат меѓународна заштита, да може да се вратат оти има некои кои не се бегалци, па ќе мораме да се враќаат во земјите на потекло.
 
ЕУ планира директна помош на Јордан, Либан и Турција, земји-соседи на Сирија каде има најголем наплив на бегалци. Потоа, се планира поддршка на земји-домаќини и заедници, информација и регистрација на бегалците, пристапност до услуги како образование и на пазарот на трудот, за тие да знаат дека се прифатени.
 
Втора акција е поддршка на транзициските земји, меѓу кои и Република Македонија, а тука спаѓа хуманитарна помош на земјите од оваа рута, градење на капацитети за акомодација, засилување на менаџментот на границите и регистрација, регионална координација и размена на информации.
 
- Мора да знаеме кој и кога доаѓа за земјите да се подготват. Трета секција е борба против организираниот криминал, бидејќи очигледно некој ги засилува овие напливи, како и да го зголемиме менаџментот на границите, координацијата меѓу полицијате и судството и да ги заштитиме бегалците од шверц, наведуваат од Советот на Унијата.
 
Европската унија ќе бара и можност да види дали може да ги зголеми областите на стабилност во земјите од конфликт преку поддршка на локалните власти каде што е можно и етаблирање на јавни услуги каде што е можно. А, клучно е посветеноста на земјите од потекло со регуларни мигранти, многу од тие кои транзитираат бараат меѓународна заштита, но некои се и економски мигранти и затоа со земјите на потекло ќе се прави соработка за да може да се вратат со реадмисија.
 
Клучни точки во Декларацијата што в четврток со ЕУ и земјите од соседството ќе ја потпишат и македонските министри Попоски и Чавков е “солидарност, коодговорност во справување и менаџирање на напливот на бегалците и заедничка работа и поврзување“.
 
Инаку, нема да се разговара за поставување на т.н.“жешки точки” за прием и регистрација на бегалци и во Македонија и Србија, како не-ЕУ-земји што се на главната мигрантска рута и тоа не може да се направи од легални причини:
 
Жешките точки”, ако го видите предлогот на Европската комисија е јасно дека тие се на прва линија на земјите-членки, каде агенциите заедно со ресурси за помош ќе им асистираат на властите во Грција и Италија за регистрација, прием и контрола на границите. Мандатот на агенциите (Фронтекс, Европол, ЕАСО) не им дава можност за екстензија на земјите од Западен Балкан. ЕК размислува во тој случај за помош на Македонија и Србија во знаење на агенциите, но мандатот на Фронтекс, ИАСО и Европол не дозволува оперирање во трети земји, но тие може да се користат за совет на властите на ефектираните земји на рутата за транзит во однос на прием, регистрација и контрола на границите, велат од Советот на ЕУ за МИА.
 
За тоа зошто балканските земји се клучни за оваа конференција, се наведува дека Брисел сака поопширно да се гледа на прашањето со регистрацијата на бегалците. Според изворот од Унијата, земјите од Западен Балкан треба да превземат одговорност, контрола на границите и регистрација. Целта на ЕУ е сите земји на мигрантската рутата да мора да превземат одговорност. Во контекст на ова, ЕУ планира сериозна финансиска поддршка од што добивка ќе има и Република Македонија. Имено, покрај ветените 24 милиони евра за нашата земја, плус 17 милиони евра што ќе се поделат со Србија, за оваа година и за догодина, Брисел има определено околу 500 милиони евра за хуманитарна помош.
 
- Околу 200 милоини евра се за 2015 и 300 милиони евра за 2016 година. Не се знае колку на која земја ќе и се даде, но тоа ги вклучува и Сирија, Ирак, но и соседните земји на Унијата, пред се оние од Западен Балкан, порачуваат од Советот на Унијата.
 
Акцискиот план на ЕУ за решавање на бегалскиот проблем содржи различни фази, но Унијата очекува меѓународен придонес за да се подобрат условите на прием во земјите на транзит, да се отвори повисока перспектива за распоредување и да се избегне бегалците да продолжат да користат нерегуларни патишта, туку тоа да го прават по регуларни патишта.
 
Брисел има за цел со денешната Декларацијата да осигура сите земји да се однесуваат на координиран и соработлив начин, да имаат соработка за нормален проток на луѓе, контрола на напливот на луѓе кои доаѓаат на границите и пристапот со тензии да се олесни. Духот и целта е соработка и ко-одговорност и менаџмент, бидејќи за Унијата, ова е меѓународен проблем, но и европски проблем и мора да се покаже одговорност.
 
Во однос на поддршката на балканските земји, ЕУ има два типа на поддршка: специјална помош од 10 милиони евра за допирање проблеми за Србија и Македонија и ова е помош што ќе биде повеќе од хуманитарна природа за бегалците и со структурни мерки за зголемување на капацитетите на властите да се справат со овој наплив на емигранти. Втората е од Инструментот за предпристапна помош (ИПА) кој има регионална прогтрама од осум милиони евра за азил и миграциска политика. За Западен Балкан, генерално, ова е помош за да се постави легална рамка и подобро да се менаџираат границите и слично. Всушнсот, ова се оние околу 17 милиони евра што пред две недели ги определи Еврокомисијата за Македонија и Србија.
 
Инаку, во Декларацијата на Балканската конференција за мигрантската рута во четврток, нашио извор од ЕУ потврдува дека во однос на прераспоредување на бегалците ќе нема нов предлог на маса. Во два параграфи на Декларацијата ќе се наведе и прераспоредувањето оти Советот на Унијата е свесен дека партнерите што ги кани на конференицајта имаат различни цели. Сепак, од Брисел не кријат дека, како прв чекор во процесот, преселувањето и надвор од ЕУ-границите “е една од идеите на која партнерите сакаат да се вратат, следствено со диверзифицирање на каналите и рутите на Западен Балкан, Јордан, Турција и Либан”.
 
- Идејата не е да се стави нешто на маса, а што не е дискутирано досега. Ако ја погледнете бегалската криза од различни перспективи, поставување “жешки точки” на Балканот не ни дозволува мандатот на агенциите Фронтекс, ЕАСО и Европол, но тие може да понудат експертиза. Имаме фонд од десет милиони евра за Србија и Македонија, а Србија веќе го активираше и европскиот механизам за цивилна заштита со цел хуманитарно фундирање. За тоа што ќе треба да се направи со бегалците кои се во тие земјите од Западен Балкан, тоа е нешто што бара понатамошна рефлексија. Механизмот за релокација е на ЕУ, но преселувањето е нешто и тоа ќе се содржи во два параграфи од драфт-декларацијата во четврток, децидни се од Советот на Унијата.
 
Со ова се потврдува пишувањето на дописникот на МИА од претходно, дека Брисел размислува како да задржи дел од бегалците и емигранти од Арапскиот свет и на територијата на земјите од Западен Балкан, со фокус на Македонија и Србија. Дали преку прераспоредување или одбивање на дел од ЕУ-земјите што се на транзициската рута да примат дел од бегалците, сепак, јасно е дека е план Западниот Балкан да не биде само транзитен простор.