Попоски: Дигитализација во осигурувањето, поевтини полиси и поефикасна исплата на штети
Дигитализацијата во осигурувањето ќе влијае на поголемо задоволство на осигурениците, намалени цени на полисите за осигурување и поефикасна исплата на штети, истакнал претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување Климе Попоски при учеството на форумот „Global InsurTech Roadshow”, што се одржува во Франкфурт, во организација на дигиталниот ценатр TechQuartier, и поддршка од Европскиот регулатор за осигурување и пензии (EIOPA).
Попоски, во обраќање на панел дискусијата „Регулаторни разговори“ се осврнал на улогата на Агенцијата како регулаторно тело за поддршка на дигитализацијата која во иднина ќе има силно влијаните врз промена на работните процеси на друштвата за осигурување и посредниците во осигурувањето.
– Промените ќе значат поголема економичност во работењето на осигурителните субјекти и тоа ќе влијае врз намалување на цените на осигурителните продукти, поголема и поедноставна достапност до потенцијалните осигуреници, поголема ефикасност во решавање на штети, поголемо задоволство во консумирање на осигурителните продукти и поголема стабилност на осигурителната индустрија, посочи Попоски на панел дискусијата.
На дводневниот форум во Франкфурт учествуваа претставници од регулаторни тела, осигурителни друштва и посредници во осигурувањто, start-up компании и универзитески професори.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто