Балкан
15. February 2021 - 11:56

Пополнети капацитетите во ковид болниците во Тирана, се отвораат регионалните болници во Драч и Скадар

Албанската министерка за здравство и социјална заштита,Огерта Манастирлиу изјави дека денеска се отвораат регионалните ковид центри во Драч и Скадар, откако во четирите ковид болници во Тирана се пополнети расположливите капацитети.

-Вчера достигнавме повеќе од 500 хоспитализирани во четирте ковид болници во Тирана. Од денеска ги активираме регионалните болници. Започнуваме со Драч и Скадар а понатаму со Валона, Корча и Елбасан. Потоа преминуваме на другите сценарија, рече министерката.

Четирите ковид болници, располагаат со 550 легла а според вчерашните податоци на ресорното министерството хоспитализирани се 531 пациент,од нив 11 интубирани.

Петте регионални ковид центри располагаат со околу 900 легла или вкупно заедно со оние во Тирана, 1.600.

Таа исто така нформрашем дека денеска во земјата треба да простигнат 7.000 вакцини од компанијата Фајзер, од каде во почетокот на месецов простигнаа 1.170 а до крајот на месецов треба да прстигне нова количина или вкупно 40.000 вакцини.

По новогодишните и божиќните празници во постојан раст е бројот на новозаразени, а во февруари дневно тој број во просек е над 1.060.