Свет
1. January 2016 - 14:41

Поплавите во Латинска Америка претворија во остров парагвајско гратче

Поплавите во област покрај границата на Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај го претворија во остров парагвајското гратче Алберди, во кое има десет илјади жители, а кое се наоѓа на 130 килонетри од главниот град Асунсион.

Нивото на водата се зголеми и Владата нареди евакуација, но жителите на Алберди, кој е изграден долж брегот на реката Парајваг, одбиваат да ги напуштат домовите. 

- Зашитната брана пропушта вода. Според нашите експерти постои голем ризик таа да се урне и да дојде до гигантско цунами, изјави министерот за вонредни ситации Хоакин Роа за време на посетата на местото.

Невремето, предизвикано од метеоролошкиот феномен Ел Нињо беше причина за евакуација на околу 170 илјади лица во регионот, каде течат гоем број реки. Најпогоден е Парагвај со 90 илјади евакуирани жители, а привремено беше запрен и дотокот на струја за Асунсион.