Loading Video...
Свет
20. January 2023 - 16:35

Поплави во Србија и Косово

Северот на Косово и српските општини Пријеполје, Сјеница и Нови Пазар се под вода. 

Обилните врнежи предизвикаа излевање на реките – поплавени се стотици куќи, откронати се електрични столбови, а на повеќе места има и одрони.

Косовското министерство за одбрана соопшти дека во тек се акции за спасување на животите на граѓаните во поплавените подрачја.

Според хидрометеоролошките служби, врнежи од дожд се очекуваат и за наредните денови, поради што е можно и дополнително излевање на реките.