Свет
15. August 2016 - 19:49

Поплави во Москва, спасени стотици луѓе

Делови од Москва се поплавени откако во рускиот главен град наврна дожд незабележан во изминатите неколку децении, при што стотици луѓе мораа да бидат спасени, јавуваат руски медиуми.

Во Москва дождот почна да врне синоќа, а во текот на целиот денешен ден не престанува.  Според властите, досега наврнале 80 мм дожд, што е количина која обично се регистрира во еден месец. Со тоа е надминат рекордот од 1970 година.

moskva2

До пладне во московската Управа за справување со поплави се упатени повеќе од 350 повици.

Во поплавите за сега не е регистрирана ниту една жртва.

moskva1

Испратени се околу 500 возила за спасување граѓани. Метеоролозите најавуваат дека дождот ќе врне во Москва се до утре попладне.