Свет
26. July 2017 - 17:35

Поплави на северот од Германија

 Силните дождови во Германија денеска предизвикаа поплави во оделни делови од северот на земјата, поради што мораа да се евакуираат и жители на оделни места, а некои мораа пред своите домови да ставаат вреќи со песок за да се заштитат од надојдените води.

Затворен е центарот на градот Гослар, во регионот на планината Харц, западно од Берлин, а еден хотел и центарот за возрасни лица се евакуирани бидејќи централниот плоштад е поплавен, пренесоа американските медиуми.

Поплавени улици има и во други места од оваа област, како што е областа Харц, каде од подрумите се испумпува вода, а затворени се и делници од железничката пруга.