Македонија
20. April 2017 - 9:11

Поплавена поликлиниката Ченто

Поради голем дефект, во просториите на Поликлиниката Ченто веќе со денови има големи количества вода кои шират смрдеа во ординациите што предизвикува револт кај пациентите.

 „Водата е во подрумските простории, а се појави како последица на дефект кој што локациски е надвор од Поликлиника Ченто“, велат од ЈЗУ Здравствен дом Скопје. 

Од ЈЗУ додаваат дека ова никако не  давањето на здравствените услуги, и информираат дека надлежните водата ја испумпуваат од просториите.