Фудбал
29. August 2019 - 14:45

Попладнево во Монако ждрепка за групите во ЛШ

Откако вчеравечер екипите на Ајакс, Бриж и Славија Прага го комплетираа списокот на учесници во групната фаза во Лигата на шампиони, попладнево (18 часот) во Монако ќе бидат одредени осумте групите во кои ќе бидат распределени 32-те екипи. 
 
Ова е изгледот на „барабаните“ од кои ќе бидат формирани осумте групи (по четири екипи)
 
 
Групната фаза во елитното натпреварување ќе започне на 17-ти септември, а ќе заврши на 11 декември. 
 
По зимската пауза, „нокаут рундата“ односно првите мечеви од осминафиналето ќе се игра на 18 и 19 февруари следната година, додека финалниот меч е закажан за 30 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул