Македонија
24. February 2021 - 18:20

Попладнево вакцинирани 11, во петок уште 29 здравствени работници од Дебар

Денеска попладне првата доза вакцина против Ковид-19 ја примија 11 здравствени работници од Општата болница со проширена дејност во Дебар, кои се и најангажирани во лекувањето пациентите во ковид центарот, односно Инфективното одделение,

– Ова е првата група која ја прими првата доза а втората ќе ја примат по 21 ден. Во втората група која првата доза треба да ја примат в петок се опфатени 29 здравствени работници, неколку од Ковид центарот, а другите се од Брзата помош, лабораторијата, рендген службата, кои непосредно се вклучени во третирањето на ковид пациентите, изјави за МИА, директорот на болницата Баки Алили.

Меѓу оние кои ја примија првата доза се и докторите Аида Бегу и Ардит Алили.

– Се чувствуваме добро, до моментов немаме никави поставкцинални знаци. Непосредно сме вклучени во лекувањето на ковид пациентите и ова е најдоброто средство за наша заштита. Посакуваме што поголем процент од нашите колеги но и граѓаните да бидат опфатени со оваа имунизација и што побрзо да извојуваме победа над овој невидлив непријател, велат докторите.

Како што потврдува Алили во Инфективното одделение состојбата се смирува. Повеќе денови наназад хоспитализирани се четворица пациенти, сите на кислородна поддршка, но во стабилна состојба, додека амбулантски се лекуваат пет пациенти. Последните три дена нема новозарзени а активни на болеста се 43 лица