Попладнево шумски пожар во потпелистерието
Секторот за односи со јавност на општина Битола, доцна попладнево испрати соопштение со кое информира за голем пожар кој го зафати потпелистерието, а е лоциран во атарот на селото Ротино.
Од општина Битола информираат дека екипи на Територијалната противпожарна единица-ТППЕ, Битола се на терен, но засилениот ветер, го разнесува и проширува пожарот кој претставува закана за моликовата шума.
-Имајќи ги пред вид околностите и тешко пристапен терен, ангажирани се противпожарните служби, јавните претпријатија на локално и државно ниво, надлежните служби за заштита, спасување и ЦУК. Локализирањето и гаснењето на пожарот е исклучително тешко. Состанок одржа и Кризниот штаб за заштита и спасување со кој раководеше градоначалничката Наташа Петровска и донесен е заклучок за ангажирање на ДЗС со активирање на механизирани средства кои би дејствувале од воздух, нагласуваат од тамошната локална самоуправа.
Во моментов пожарот го гаснат екипи на ТППЕ-Битола, едно противпожарно возило од РЕК Битола и едно од Општина Ресен, а во акцијата се вклучени и вработените во НП Пелистер, како и локалното население.
Инаку во текот на денот ТППЕ-Битола регистрирале шест противпожарни интервенции, односно во атарот на селата Ниже Поле, Драгожани, во Мариовскиот дел и во Нова Битола.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто