Македонија
17. February 2019 - 18:09

Попладнево работна средба на партиите од Коалицијата предводена од СДСМ

Во седиштето на СДСМ денеска ќе се одржи првата работна средба на партиите од Коалицијата предводена од СДСМ што заеднички настапи на последните парламентарни избори.

Извршниот одбор на СДСМ на последната седница го овласти претседателот на партијата, генералниот и организациониот секретар, да направи консултации со коалициските партнери како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии околу можностите да дојдат до консензуален кандидат за претседател на државата.

-Овие денови предвидено е консултациите да продолжат со партиите што се дел од владината коалиција, со парламентарни, но и други партии, се наведува во соопштението од СДСМ.