Попладнево можни локални поплавувања во градските средини, предупредува УХМР
Ако поројните врнежи што се прогнозираат за попладнево се случат за краток временски период, можна е појава на брзо истекување на водите по малите водотеци и суводолиците во планинските делови и региони, а доколку врнежите ги погодат градските средини можни се локални урбани поплавувања во зависност од капацитетите на атмосферските канализации и почитувањето на прописот атмосферските води да не се влеваат во канализациските мрежи, предупредува Секторот за хидрологија на УХМР.
– Иако кај поголемите реки не очекуваме големи покачувања на водостоите,
предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците поради можна појава на опасни води, појава на свлечишта и одрони, наведува УХМР.
Според информациите од синоптичарите, попладне ќе има локална појава на
нестабилност, која поради големата енергија во атмосферата ќе биде во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
– Во рамки на Секторот за хидрологија се извршени согледувања на одредени прогностички модели и насоки за поројни поплави, достапни на хидролозите од УХМР. Од овие модели може да се утврди дека се можни врнежи на целата територија на државата со различен интензитет. Според моделот за врнежи ICON се очекува врнежи да има на западот, додека моделот NNM најавува врнежи во централните и источните делви од земјата и поинтензивни врнежи на северот и југот. Според FFGSystem-от (Сл.3) за поројни поплави, поројни врнежи се можни во делови од Шар Планина, Скопска Црна Гора, Осоговските Планини, Солунска Глава, Ниџе и Баба Планина и тоа во Тетовско, Скопско, Битолско, Кумановско, информира УХМР.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“