Македонија
5. July 2020 - 20:59

Попладнево избувнал пожар во дуќан во Старата битолска чаршија

Попладнево во дуќан во Старата битолска чаршија избувнал пожар. Командирот на противпожарната единица Битола, Костадин Поповски за Сител вели дека пожарот е пријавен во 15:50 часот, а веднаш било интервенирано со три возила и 12 пожарникари. Пожарот беше локализиран за два часа и не се даде можност да се прошири на соседните објекти. Исто така, на местото на пожарот се уште има екипа пожарникари кои ќе дежураат за случајно огнот да не се појави и прошири.

Како што вели Поповски, има голема штета, 90% од објектот е изгорен, а се уште не е позната причината за пожарот. На местото беше присутна и екипа на СВР Битола.

 

Маја Богоевска