Македонија
5. July 2020 - 18:35

Попладнево избувнал пожар пред влезот во Старата битолска чаршија

Попладнево во 16 часот е пријавено дека избувнал пожар пред влезот во Старата битолска чаршија.

Во моментов неколку екипи на територијалната противпожарна единица се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот.

Синоќа во овој град имаше силно невреме кое предизвика поплава и сериозни штети на битолските земјоделци, дознава ТВ21.