Македонија
18. September 2016 - 13:43

Попладне невреме во Македонија - Eве што не очекува од наредните денови

Нашето подрачје денеска постепено потпаѓа под влијание на циклонска активност и влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне ќе предизвика на повеќе места нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидро-метеоролошки работи (УХМР).
 
Повеќе врнежи се очекуваат во вечерните и ноќните часови во западните делови. Количината на наврнат воден талог ќе биде умерена. Ќе дува слаб а попладне повремено умерен ветер од југозападен правец. Во Скопје кон крајот на денот ќе има услови за развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
 
- Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Да се преземат соодветни активности за заштита од поплави, препорачуваат од УХМР.
 
Утре  ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бида поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец.
 
Од вторник под влијание на постудена воздушна маса од север, времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено во вторник. Дневните температури ќе опаѓаат и во средината на наредната недела ќе се движат од 16 до 22 степени.