Македонија
2. August 2016 - 16:54

Попладне на повеќе места дожд, грмежи и засилен ветер

Попладне на повеќе места во државата ќе биде нестабилно со пороен  дожд, грмежи и засилен ветер.

Највисоката температура ќе се движи од  28 до 36 степени.

Во Скопје температурата до 31 степен.

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува  8.

Температурата ќе се движи од 24 до 34 степени. 

Потоа следува период на стабилно и потопло време.