Македонија
28. April 2018 - 9:43

Попладне дожд и грмежи - еве какви температури не очекуваат денеска

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и грмежи, особено на исток и североисток, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 24 до 30 степени Целзиусови.
 
Во Скопје слично време, сончево, од попладневните часови со услови за појава на краткотрајна нестабилност и понекаде со повремен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
 
И во наредните денови ќе продолжи период на топло време со слаб до умерен развој на нестабилна облачност и
понекаде со краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во попладневните часови. Повеќе услови за нестабилност има утре на исток и североисток и во понеделник. За време на викендов долж Повардарието ќе дува југоисточен ветер кој повремено ќе засилува.