Пописот на САД во 2020 година нема да биде ревидиран
Американскиот претседател Доналд Трамп го повлече своето барање за ревидирање на пописот на САД и порача информациите за државјанството да се приберат во негово заобиколување.
Во изјава дадена синоќа во Белата куќа, Трамп укажа дека Бирото за попис располага со информации од Службата за социјална заштита, таканаречените бонови за храна или од затворските служби. Во сите нив постои информација за државјанството.
-Врз основа на расположливите административни записи може да се одреди државјанството на 90 отсто од населението, изјави Трамп. Тој му порачал на министерот за трговија да ја разгледа можноста за вклучување на графата „државјанство“ во пописот во 2030 година.
Претходно, Врховниот суд на САД го блокираше барањето на Белата куќа пописните формулари да содржат прашање кое би требало да гласи: „Дали лицето кое го пополнува има американско државјанство“. Судот заклучи дека Администрацијата не поднела доволно основи за ревидирање на пописот.
Можноста за вклучување на графата „државјанство“ се разгледуваше од лани. Противниците се повикуваа на краткото време бидејќи веќе беше порачано печатење на формуларите, како и тоа дека луѓето би биле обесхрабрени да учествуваат во пописот. Не само оние кои се дојдени илегално туку и државјаните кои се плашат дека со своето учество ќе ги откријат членовите на семејството кои не се државјани.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење