Пописот ќе се спроведе безбедно и не постои шанса за ширење на вирусот, порачаа надлежните
Се е подготвено за почеток на пописот на населението и објектите кој стартува утре. Пописот ќе се спроведе безбедно со почитување на здравствените протоколи и не постои никаква шанса за ширење на вирусот, порачаа надлежните на денешната прес-конференција.
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски соопшти дека институциите се подготвени за најголемата статистичка операција во земјава која не е спроведена речиси 20 години и ги повика граѓаните да ги примат попишувачите.
– После речиси 20 години, премежја, опструкции и одоговлекувања конечно сме на прагот да започнеме со теренската работа и со собирањето на потребите податоци. Сите подготовки се завршени. Комисите на пописните регони заедно со нашите државни инструктори успешно ги завршија обуките на реонските инструктори и попишувачи и денеска се излезени на терен во обиколка на своите пописни кругови, истакна Симовски.
Министерот за правда Бојан Маричиќ порача дека пописот ќе се спроведе безбедно и оти попишувачите се обврзани доследно да ги почитуваат протоколите.
– Попишувањето ќе се спроведе безбедно, почитувајќи ги здравствените протоколи, а попишувачите се обврзани доследно да ги применуваат. Не постои никаква шанса за ширење на заразата. Попишувањето ќе биде безбедно, со најдобра технологија, брзо и ефикасно и инклузивно на сите јазици кои се говорат во РСМ. Никој да не биде изоставен и сите да земат учество за да ја добиеме реалната слика, нагласи Маричиќ.
Истакна дека пописот е неоходен за да може да се добијат да се добијат точни информации за населението и за објектите кои се клучни во креирањето на идните политики во земјава.
– Пописот е натпартиска статистичка операција и задоволен сум што сите релевантни поголеми политички партии го поддржаа. Пописот е потребен пред се за да се создадат услови граѓаните да живеат поубаво. Ова го правиме за нив, рече Маричиќ.
Надлежните на денешната прес-конференција порачаа дека се вложени огромни напори да се организира пописот и оти сега останува на граѓаните заеднички да помогнат да се реализира оваа статистичка операција.
Ново на Сител
-
Роналдињо стана косопственик на американски клуб
-
Лига на нации: Македонија убедлива на гостувањето кај Летонија
-
Најмалку 10 жртви од ураганот Милтон на Флорида
-
Бајден и Харис со остри критики до Трамп за лажните тврдања околу одговорот на владата по катастрофалните урагани
-
Делегација на ЕУ: Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот договор
-
Шефот на НАТО: Не грижете се ако евентуално победи Трамп на изборите во САД
-
Бројот на диви животни за 50 години се намалил за 73 отсто
-
Малолетници ограбени во Центар - им се заканиле со нож