Македонија
23. March 2018 - 16:46

Попис во 2020 без графата за етничка припадност - за надлежните ова прашање е неважно

Етничката припадност нема никаква употребна вредност во пописот на граѓаните. Новиот директор на Државниот завод за статистика предлага следниот попис кој се очекува за 2 години да помине без граѓаните да се изјаснат на која етничка заедница и припаѓаат

Симовски најавува дека новиот попис ќе се спроведува и по нови методи кои подразбираат користење на државните бази на податоци кои попишувачите ќе мораат да ги проверат кај граѓаните. Сепак, едно од прашањата на кое секој од попишаните граѓани ќе мора лично да се изјасни ќе биде кој е јазикот кој се зборува во неговото семејство. Токму овие податоци ќе се користат за подоцна да може да се спроведуваат законите кои им овозможуваат права на граѓаните од етничките заедници во средините каде што над 20% од нив зборуваат јазик различен од македонскиот. Симовски вели дека во Македонија одамна пописот погрешно се разбира

Пилот попис ќе биде реализиран следната година во помали пописни единици. За последен пат во Македонија попис беше спроведен  во 2002 та година. Пред 7 години требаше да се спроведе нов но истиот беше прекинат. За неуспешниот попис во 2011 години СЈО отвори истрага.