Бизнис
8. November 2016 - 14:44

Попис на трговски и угостителски капацитети

Државниот завод за статистика од 1-ви до 12-ти овој месец спроведува попис на трговски и угостителски капацитети преку кој ќе се приберат доверливи податоци кои ќе се користат за статистички цели утврдено со Законот за државната статистика.

Од Државниот завод за статистика информираат дека податоците што се прибираат се од огромно значење за согледување на состојбите во овие дејности и за планирање на идните развојни активности на деловните субјекти и затоа потсетуваат на законската обврска на сите учесници во пописите за давање на точни и целосни податоци што се бараат со пописните обрасци.

Додаваат дека статистичка операција е самостојна и независна активност и не е поврзана со активности на други државни органи.