ПОП-АРТ изложба на повеќе локации во Скопје
На повеќе места во Скопје од 1 до 30 октомври ќе биде поставена ПОП-АРТ изложба со повеќе од 100 графички дела, меѓу кои на Енди Ворхол, Рој Лихтенштајн, Роберт Раушенберг, Џон Чемберлејн, Том Веселман и Џејмс Розенквист.
Поради обемноста, како што информираат организаторите, изложбата ќе биде поставена во Музејот на Град Скопје, Музејот на современа уметност и во Галеријата на Младинскиот кулурен центар.
Изложбата е во рамки на 12. издание на Бела ноќ.
Поп-артот е движење во уметноста чија основа се базира на рушење контрасти. Многу критичари сметаат дека во поп-артот се најиновативните пристапи во уметноста на 20 век, особено во компарација со кубизмот, додека дел од критичарите пак, сугерираат дека не станува збор за уметност воопшто.
Од една страна, поп-артот се занимава со чести, секојдневни, тривијални теми, додека од друга страна има потреба од ригорозни филозофски испитувања на условите во кои се создава уметноста, уделот на производството на самата уметност, така што сето тоа води до сериозна дискусија за крајот на модернизмот, па дури и самата уметност.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација