Спорт плус
19. August 2017 - 18:43

Поп Ацев: Не сум разочаран што не стигнав до првото место

Евгениј Поп-Ацев со денешното второ место обезбеди 11 бодови, така што со освоените 25 на двете претходни трки во Аргентина и Канада има вкупно 36. Со тоа тој е најдобар во генерален пласман на Гран-при серијата маратонски трки на ФИНА. По трката тој изјави:

- Активно учествував на една од највозбудливите трки во историјата на Охридскиот пливачки маратон. Воопшто не сум разочаран што не стигнав до првата позиција, бидејќи Стуџински имаше повеќе сила и енергија во финишот
Последна трка Капри-Неапол ќе се одржи на 3 септември.