Loading Video...
Спорт плус
19. July 2019 - 16:23
Поп Ацев 13-ти на мундијалската трка на 25 километри
Најдобриот македонски пливач Поп Ацев го заврши својот настап на Светското првенство што се одржува во Гвангжу.
Откако на 10 километри и го освои 51. место во конкуренција на 63 натпреварувачи, денеска Поп Ацев во својата дисциплина 25 километри заврши како 13-то пласиран во конкуренција на 20-мина пливачи колку што ја завршија трката (двајца се откажаа).
Тој оваа делница ја исплива за 4 часа, 54 минути и 39,90 секунди што беше за 3:33.минути послаб резултат од победникот Аксел Рејмонд од Франција кој го држи и рекордот на Охридскиот маратон.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->