Македонија
25. April 2019 - 13:06

Поништено гласањето на седум избирачки места

Државната изборна комисија го поништи гласањето на седум избирачки места по првиот круг гласање на претседателските избори. На денешната јавна седница членовите на ДИК констатираа повреда на избирачкиот процес на две изборни места во Кавадарци и по едно во Куманово, Охрид, во скопските општини Аеродром и Центар и едно во општина Кичево. Гласањето е поништено поради тоа што во гласачките кутии имало вишок ливчиња од запишаните гласачи.

На овие избирачки места нема да се прегласува, бидејќи резултатот од избирачките местане влијае на конечниот резултат. По првиот круг избори беа поднесени 14 приговори, сите од штабот на претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска Давкова.