Македонија
20. May 2020 - 9:23

Понеделник неработен ден за сите граѓани на нашата земја

Во понеделник, на 25 мај ќе одмараат сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 24 Мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј“ , ден на сесловенските просветители. Исто така, 24 мај (недела) е државен празник на верниците од исламската вероисповест-Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Министерството за труд и социјална политика ги честита празниците на сите граѓани.