Македонија
26. April 2017 - 11:59

Понеделник неработен ден - Еве уште колку неработни денови има до крајот на годината

Денот на трудот 1 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честитаат празикот

Еве уште колку неработни денови има до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ
 
1 Мај (понеделник), Ден на Трудот
24 Мај (среда), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
27 мај (сабота), првиот ден на Рамазан Бајрам
2 Август (среда), Ден на Републиката
8 Септември (петок), Ден на независноста
11 Октомври (среда), Ден на народното востание
23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба
8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски”
***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.
 
За граѓаните од православна вероисповед
 
1 јуни (четврток), Духовден, петок пред Духовден
28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
 
За граѓаните од католичка вероисповед
 
1 Ноември (среда), Празникот на сите светци
25 Декември (понеделник), првиот ден на Божик
 
За граѓаните од муслиманска  вероисповед
 
2 септември (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
 
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
 
22 Ноември (среда), Ден на Албанската азбука
 
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
 
23 Мај (вторник), Национален ден на Власите
 
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
 
30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
 
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
 
28 Септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците
 
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
 
21 Декември (четврток), Ден на настава на турски јазик