Македонија
8. April 2020 - 11:46

Понеделник, 13 април – втор ден Велигден, неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Понеделник (13 април), вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството, на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честитаат големиот христијански празник Велигден.