Помпео-Захариева: САД и Бугарија имаат стратегиски односи
САД и Бугарија имаат позитивен развој на билатералните односи, кои се од стратегиски карактер, оценија синоќа на средба во Вашингтон, американскиот државен секретар Мајк Помпео и бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
По средбата, Захариева изјави дека Помпео дал висока оценка за бугарското претседавање со ЕУ во првата половина на годинава и и се заблагодарил на Софија за поддршката на земјите од Западен Балкан во нивните напори за членство во НАТО и ЕУ.
На средбата станало збор и за укинување на визите за државјаните на Бугарија за патувања во САД, за модернизацијата на бугарската Армија, за напорите на Софија за диверзификација на енергетските извори, за склучување на билатерален договор за социјална заштита, како и за мировниот процес на Блискиот Исток.
Захариева претходно вчера се сретна со претставници на бугарската заедница во САД, а за денеска се предвидени нејзини средби со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон и со претставници на Меѓународниот републикански институт и на Националниот демократски институт.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација