Свет
10. October 2019 - 8:53

Помпео: САД не и дадоа „зелено светло“ на Турција за напад врз Сирија

САД не и дадоа „зелено светло“ на Турција за офанзивата во северна Сирија, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео. Според него, Турција е соочена со „терористичка закана во јужниот дел на земјата“, но дека се лажни извештаите дека Анкара добила поддршка од САД за напад.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека турските трупи и нивните сириски бунтовнички сојузници навлегоа во североисточна Сирија, со што покрената копнена офанзива против припадниците на курдската милицијата. Претходно, турските воени авиони и артилерија пукаа врз позиции на курдските борци во прекугранична воена операција, само неколку дена откако американските трупи се повлекоа од областа.Најмалку седум цивили се убиени во турските воздушни напади во североисточна Сирија.