Помпео: САД ќе се спротивстават на руското влијание на Балканот
САД со сите напори ќе се спротивстават на негативното руско влијание на Балканот, изјави кандидатот за нов американски државен секретар Мајк Помпео за време на сослушувањето во Комитетот за надворешни работи на Сенатот.
- Мораме насекаде да возвратиме и да ги користиме сите средства со кои располагаме, од економијата, до интернетот. Русија силно се ангажира во поткопувањето на демократските вредност од Балканот до Латинска Америка и ние ќе одговориме на тоа. Ќе возвратиме на негативното руско влијание и ќе го спречиме, изјави Помпео одговарајќи на прашање на сенаторот Рон Џонсон.
Самиот Џонсон во текот на сослушувањето изјави дека последните неколку години во повеќе наврати го посетил Балканот, каде бил сведок на „зголеменото негативно влијание на Русија“ во регионот.
Помпео од своја страна додаде дека американската Администрација веќе презела серија мерки против Русија, кои „скапо го чинеле“ рускиот претседател Владимир Путин.
- Воведовме строги санкции и протеравме досега најголем број руски дипломати и шпиони од завршувањето на Студената војна, додаде Помпео.
Според него, Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп била целосно во право кога ја идентификувала Русија „како опасност за САД“.
- Војната секогаш е последна опција. Ќе се борам надворешно-политичките цели на претседателот Трамп да се остварат со дипломатски средства, а не со испараќање на нашите мажи и жени во војна, нагласи Помпео.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање