Помпео: Доколку е потребно Трамп е подготвен да употреби воена сила
Претседателот на САД, Доналд Трамп е подготвен да употреби воена сила ако биде потребно, изјави државниот секретар Мајк Помпео во синоќешното интервју за ТВ ЦНБЦ одговарајќи на прашање за кризата во односите со Турција.
Ние повеќе сакаме мир од војна. Но, во случај да биде потребна „кинетичка акција“ (еуфеминизам за активна примена на смртоносна воена сила) или воена акција треба да се знае дека претседателот Трамп во целост е подготвен да преземе таква акција – посочи Помпео.
Помпео одби да каже која е „црвената линија“ која би поттикнала американски воен одговор.
Економска сила употребивме и сигурно ќе употребиме. Ги користиме и своите диполоматски сили. Тоа се нашите преференци – посочи Помпео.
Стејт департментот одби да ја коментира изјавата на Помпео.
Кризата во билатералните односи Вашингтон – Анкара се интензивира по турската офанзива во северна Сирија.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море