Свет
12. January 2019 - 19:44

Помпео: Добар исход за Турција и сириските Курди

Државниот секретар на САД Мајк Помпео денеска, по состанокот со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, изјави дека е оптимистичен кога станува збор за можноста за постигнување на „добар исход“ што ќе ги заштити Турција и сириските Курди.

Помпео, исто така наведе и дека повлекувањето на американските трупи од Сирија е „тактичка промена“ и оти тоа не ги менува воените капацитети на САД кои се спротивставуваат на Исламската држава во Иран.