Македонија
13. November 2018 - 16:54

Помошта од државата недоволна за семејството Савовски од Трубарево да ги подмири месечните трошоци

-Еве купив 20 свеќи, купив свеќи оти немаме струја..

Без струја, болни, со физички и ментален хендикеп и во сиромаштија живеат брачниот пар Маја и Гоце Савовски од скопско Трубарево. Веќе 6 месеци единствената светлина во нивната скромна куќа навечер доаѓа од запалената свеќа. Немаат пари да го платат заостанатиот долг. Осум-те илјади денари кои ги земаат како социјална помош и нега за трето лице велат дека не им стигнува само за неопходните лекови.

-Не стигнуваат пари. Еве мора да ги земам нејзините лекови и за мене и нема, вели Гоце.

Маја има операции на едната рака која не може да ја користи а Гоце е со проблеми во говорот и околу осум години е дијабетичар. Зема инсулин а пред неколку дена најверојатно поради зголемување на шеќерот во крвта паднал и ја повредил главата.

-Тешко е, еве земам инсулин два пати во денот..

Маја никогаш не била вработена а Гоце има работен стаж во фирма која е затворена во 2000 година. Вели дека понекогаш цепи дрва кај други луѓе а собира и пластични шишиња за кои зема 12 денари од килограм. Неопходна храна еднаш месечно земаат и од црквата во Драчево.

-Еве земавме храна..

Зоран Смилковски кој им е старосват е единствениот кој им помага.

-Доаѓам, им носам дрва ако треба, ќе испереме сои сопругата алишта и ќе им донесам, тешко е како не, вели Зоран Смилковски

Утрата и ноќите веќе се ладни а доаѓа и зима. Маја и Гоце не бараат многу. Да добијат помош за да ги платат заосатанатите сметки и малку подобри услови за живот.