-->
-->
Помош за бегалците на Табановце
-->
На прифатниот пункт во Табановце денеска околу пладне мал број мигранти од Сирија, Ирак и Авганистан добиваа облека, храна, вода и ќебиња од екипите на Црвениот крст, УНХЦР и од невладини организации.
Утрово, пристигнал воз од Гевгелија со околу 600 мигранти. Мал број од нив, претежно семејства со деца, останале кратко да одморат пред нивниот пат кон Србија, а потоа, според нивните кажувања, и кон земјите од западна Европа и скандинавските држави.
- Постојано сме на терен и им помагаме на мигрантите и беглаците. Им делиме пакети со храна, хигиенски средства, вода, кебиња, кабаници,..., она што им е потребно, изјави Раде Ристиќ од Црвен крст.
Според Ана Јордановска од Црвен крст, околу 100 мигранти побарале и добиле прва помош од кои десетина деца. - Најчесто се жалат на респираторни проблеми, проблеми со притисок, а има такви на кои им се проверува шеќерот во крвта, рече Јордановска.
Организацијата „Влазнија“ од Куманово исто така дели храна и облека. - Делиме по 600 пакети дневно со храна, а денеска имаме и облека од граѓани од Швајцарија, информира Висар Рустеми и додаде дека мигрантите не се задржуваат повеќе од час на прифатниот пункт во Табановце.
Викторио Јаковлески од СОС детско село вели дека зависно од приливот на мигранти и беглаци, во Катчето за деца се сместуваат 50 до 150 деца. За нив се грижат екипи во три смени.
Мигрантите ги користат и 32-те мали контејнери-икеа модули, еден контејнер наменет за жени и деца, контејнер каде што мигрантите можат да користат комјутери, два големи шатора со капацитет од по 150 до 200 лица. Посебни контејнери има и за лицата со инвалидитет и попреченост.
Наредниот воз од Гевгелија на Табановце се очекува да пристигне околу 16 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители