Помош од МТСП за семејствата од Шуто Оризари чии куќи беа опожарени
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ќе им помогне на двете семејства од населбата Шуто Оризари чии куќи беа опожарени синоќа.
- Во врска со немилиот настан којшто се случи синоќа на улицата „Брсјачка буна“ во населба Шуто Оризари, Скопје околу 20 часот во кој настана пожар во куќа во сопственост на А.Р. и во куќа во сопственост на Р.С., Министерството за труд и социјална политика информира дека ќе им помогне на двете семејства. Министерството на семејствата ќе им пружи помош во рамките на законските можности и ќе се погрижи за нивните потреби во овој критичен момент за нив, се вели во денешното соопштение од МТСП.
Од Министерството за труд и социјална политика на повредените во синоќешниот пожар им посакуваат брзо закрепнување.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња