Македонија
12. August 2016 - 14:05

Помош од Делчево за погодените од поплавите

Координирана хуманитарна акција на НВО КХАМ, Црвениот крст и локалната самоуправа од Делчево за собирање средства за загрозените подрачја од поплавите.

Во рамките на акцијата од денеска се отворени два пункта во централното градско подрачје каде ќе можат граѓаните да донираат материјални средства за жителите од поплавените подрачја, а 15 волонтери од НВО КХАМ и од Црвениот крст Делчево ќе ги посетат фирмите со цел да се анимираат за поголеми донации.

Ана Цоневска од НВО КХАМ апелираше до граѓаните да донираат пред се средства за хигиена и конзервирана храна.

- Според проценките од теренот, во моментов се неопходни средства за дезинфекција, хигиена, конзервирана храна, гумани чизми и ракавици, плински боци. Делчево многу пати покажало дека е град на солидарноста, па очекуваме така да биде и сега. Пунктовите ќе бидат отворени денеска и утре од 10 до 17 часот, а во сите банки на видно место се истакнати инфромациите за жиро-сметките кои се отворени за донации, рече Цоневска.

Таа додаде дека НВО КХАМ, ќе учествува со свои материјални донации, како и донации поединечно од сите вработени.

- Материјалната донација на НВО КХАМ ќе биде преку Програмата Цивита мобилитас, а од денеска вработени по оваа програма се на терен во загрозените подрачја каде работат на расчистување, рече Цоневска.

Собраните донации ќе се траспортираат најдоцна до понеделник во републичкиот Црвен крст во Скопје, а превозот е обезбедена донација од една локална фирма.