Македонија
4. July 2016 - 15:49

Помош од Црвен крст за социјално ранливи лица по повод Рамазан Бајрам

Црвениот крст на град Скопје денеска во просториите на Дневениот центар за стари лица во општина Сарај (Осново училиште „Дитурија“) подели 80 пакети со храна и хигиена по повод верскиот празник Рамазан Бајрам, во насока на сензибилизирање на верската толеранција и меѓусебно почитување.

Ранливите лица на кои им беа поделени пакетите, како што посочуваат од Црвениот крст, биле детектирани преку дневните посети на медицинските сестри и волонтерите, во соработка со  Здружението на пензионери на општина Сарај.

Овој настан се случува во рамките на социјалниот сервис: „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ кој е поддржан од страна на Град Скопје, компанијата Даути, Австриски Црвен крст и ЕВН Македонија.