Македонија
19. November 2018 - 16:32

Помор на плашицата во Студенчишко блато поради недостаток на вода и кислород во езерото

Помор на плашица кај каналот Студнечишта .Половина тон изумрена риба плута на површината на водата а голем дел се бори за живот.

Според стручните лица причина за  ваквата состојба  е намаленото ниво на Охридското Езеро и недостигот на свежа вода и кислород  во каналот .

Состојбата е алармантна ,угинатата плашица може да скапува и да предизвика еколошка катастрофа.

Од хидробиолошкиот завод велат дека известени се локалните власти да се набават црпни пумпи кои ќе се постават по должината на каналот и ќе овозможат распрснување по површината на водата.

Граѓаните велат дека сосотојбата е загрижувачка и мора под ито да се изнајде решение за да не дојде до поголема катастрофа .

Ова не е прв случај помор на плашица во каналот Студенчишта. Во неколку наврати во овој период од годината поради недостаток на кислород изумреа неколку тони риба. Ваквата ситуација ја искористуваат голем број рекреативни риболовци кои со мрежи, најчесто во ноќните часови, ја изловуваат рибата и потоа ја продаваат.