Помладиот брат Џиџи Хадид потпиша прв моден договор
Помладиот брат на познатите манекенки Џиџи и Бел Хадид, Анвар, кој има 16 години, го потпиша неговиот прв моден договор со познатата агенција „ИМГ Модел“.
Така Анвар Хадид почна да оди по стапките на постарите сестри со кои е многу близок, што често го покажува и на социјалните мрежи.
Анвар беше ѕвезда на модната компанија „Рокстар Дени“, а неодамна ја сними и неговата прва насловна страна за познатото списание „Нилон“. Неговата мајка е една од ѕвездите на реалити шоуто „The Real Housewives of Beverly Hills“, па камерите не му се непознати.
Папараците често кампуваат пред неговата куќа, што не не чуди, затоа што сепак тоа е Холивуд.
- Моето семејство е мој темел. Моите сестри се супер и ме научија се што треба да знам за жените. Мојата мајка е многу либерална, но многу старомодна, кога станува збор за манирите. Таа ме научи секогаш да бидем љубезен кон другите и да се однесувам со почитување, откри тој во едно интервју.
Анвар веројатно нема да има проблеми кај припадничките на поубавиот пол кои неуморно оставаат коментарии под неговите фотографи на Инстаграм, каде моментно има 481 илјади следбеници. До пред еден месец, таа бројка беше помала за дури 72 илјалди обожаватели.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка