Македонија
14. February 2019 - 10:06

Помеѓу настраданите во несреќата е и раководител на Сектор за сообраќај во Град Скопје

Гостиварци во шок и неверување утрово по трагедијата се претпазливи во коментарите и веста околу идентитетот на жртвите, бидејќи се уште официјално не е потврден нивниот идентитет.
 
Од кругот на семејството на еден од загинатите за МИА потврдија дека меѓу настраданите е и раководителот на Секторот за сообраќај на Град Скопје кој по работното време се враќал за дома во Гостивар, објави Фокус.мк.
 
Од локалната епархија потврдија дека неговиот погреб е закажан за денеска во 14 часот, а за утре уште два на лица загинати во несреќата.