Македонија
25. March 2016 - 13:48

Помалку ученици во основното и средното образование

Според податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2015/2016 година бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 185.992 што претставува намалување за 3,2 отсто во однос на претходната учебна година.

Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2015/2016 година, изнесувал 80.295 што, во однос на претходната учебна година е пмалку за 3,9 проценти.