Помалку одобренија за градење во ноември
Општините издале 182 одобренија за градба во ноември минатата година, што е намалување за 21,6 проценти во однос на истиот месец во 2016-та. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број одобренија се издадени во Скопскиот регион 48, следи Полошкиот со 44 и Источниот со 30 издадени одобренија за градење. Предвидената вредност на објектите што треба да се изградат изнесува една милијарда 958 милиони 89 илјади денари што е за 31,2 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 160 или 87,9 отсто се наменети за објекти од високоградба, шест или 3,3 отсто за објекти од нискоградба и 16 т.е. 8,8 отсто за објекти за реконструкција. Во извештајниот период е предвидена изградба на 414 станови со вкупна корисна површина од 37.878 метри квадратни.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица