Македонија
21. October 2019 - 17:12

Помалите партии бараат една изборна единица - Симовски: Изборите и пописот не може да се одржат во исто време

Една изборна единица како модел технички е невозможно да се примени за претстојните избори во април но законот може да се донесе, смета Лилјана Поповска од ДОМ која е една од иницијаторките на овој  предлог. Тврди дека за ваквите промени постои  зрелост и разбирање кај граѓаните а сега кога е повторно актуелно прашањето време е да влезе во процедура. Една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив  ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.  

- Со 6 се губат огромен број гласови неискористени, затоа што не може да влезер ниедна листа која што нема концентрација на доволен број гласови во една изборна единица се случувало партии со 30 40 000 гласоци да не обезбеди пратеник. Во вакви услови кога се намалувва одзивот во македониај при избори тоа го видовме на последните претседателски избори тоа го видовме на последните претседателски многу важно би било да има една изброна единица каде што поголем бр субјекти самостојно ќе настапат и на тој начин ќе излезат поголем број гласачи и подемократски ќе избираат.

Предвремените парламентарни избори го одлагаат одржувањето на пописот кој беше планиран за април . Кога ќе се одржи оваа статистичка операција зависи од носењето на законот и одлука на парламентот.

- Терминот април е воопшто непогоден за спроведување на пописот со оглед на тоа што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. Можноста да се спроведе попис пред изборите, исто така,  технички невозможна, бидејќи пописот е исклучително голема операција и самата организација е невозможно да се спроведе пред април месец.

Симовски за забелешките од опозицијата за законот за попис вели дека во најголем број биле не прифатливи бидејќи тие барале ДЗС да не го спроведува.