Бизнис
11. јуни 2021 - 16:36

Помала државна помош за компаниите кои ќе инвестираат во зоната во Скопје

Инвеститорите кои ќе инвестираат во скопските зони ќе добиваат помала државна помош. Од ТИРЗ велат дека на некој начин овие компании досега биле привилигирани. Анализите покажуваат дека цената која ја плаќаат за закуп на земјиштето е далеку помала од сумата која ја плаќаат фирмите кои вложуваат во зоните во другите градови. Од ТИРЗ очекуваат со овој начин на субвенционирање да се зголемат инвестициите и во другите региони, а не само во Скопје.

Засега нема да има отворање на нови зони се додека не се искористи потенцијалот на посточеките. Од ТИРЗ велат дека има компании кои закупиле големи парцели, а нивиот потенцијал е половично искористен.

Досега во ТИРЗ зоните инвестирани се 50 милиони евра, а остварени се приходи над  40 милиони евра.